Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалот е сурова игра.
Тоа беше големо изненадување за цела фудбалска планета, но Реал имаше проблеми со повреда па итно му беше потребен десен бек. Како гром од ведро небо на 31-ви јануари во 2009-та година се појави информација дека тогашниот спортски директор, Предраг Мијатовиќ за оштета од 1.5 милион фунти во Реал го доведе на позајмица од Вест Хем, Жулиeн Фобер.
Не се покажа во Реал, знаеше да го пропушти тренингот бидејќи како што објасни тогашниот тренер Хуанде Рамос се збунил кога му е слободен ден. Знаеше на натпреварот против Виљареал и да ги одмори очите на клупата. Комотно да спие во текот на натпреварот.
Фобер после два натпревари на Пиринеите се врати во Вест Хем. Не беше повеќе оној ист фудбалер, па кариерата пополека му пропаѓаше.
А потоа од Вест Хем во Елазигспор, па враќање во Бордо, една добра сезона во Франција, потоа Килмарнок, а без ангажман беше од мај кога во Шкотска доби отказ.
И денес финскиот Интер Турку. Не е Реал, но ова е едно фантастично патување.