Тандемот Ди Марија-Силва го среди Мец – ПСЖ во полуфинале (ВИДЕО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ го победија Мец на Паркот на Принцовите со 2:0 во натпревар од четвртфиналето од купот на Франција.

Беше досуден корнер за ПСЖ. Анхел Ди Марија нафрли, а Тиаго Силва со глава погоди за водство на ПСЖ.

Во второто полувреме Тиаго Силва го постигна вториот погодок на натпреварот и ја осигура победата на ПСЖ. Повторно асистент беше Анхел Ди Марија.

Во четвртфиналето од  купот на Франција се одигра уште еден натпревар денес.  Бордо на домашен терен го совлада Гингамп со 3:2 и се пласира во полуфинале.