Татко на познат фудбалер доби срцев удар и загуби животот додека играше тенис (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Колумбискиот фудбалер Радамел Фалкао остана без татко, кој почина при играње тенис, откако добил срцев удар и му немало спас.

Радамел Гарсија Кинг, поранешниот фудбалер на неколку јужноамерикански екипи, се обиде да го задржи здравиот начин на живот со рекреативно играње фудбал и тенис.

Иако докторите му велеа да запре, Гарсија минимум двапати недело играл тенис. Сепак, првите денови од јануари ги изненадил сите кога му се слошило на теренот и човекот се онесвестил.

Неговиот син Радамел е во шок и не е во состојба да помогне околу организацијата на погребот на татко му.