Тевез заработува 720 илјади евра неделно, Меси ќе добие повеќе!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси ќе стане најплатениот фудбалер на светот, кога ќе потпише договор со Барселона.

Според најновите информации, Меси ги договори финансиските услови за новиот договор кој ќе важи до крајот на неговата кариера.

Моментално најплатен фудбалер во светот е Карлос Тевез во Шангај Шеуа со 720 илјади евра неделна плата.

Кога Меси ќе потпише нов договор ќе заработува многу повеќе од Тевез и ќе стане најплатен, но медиумите не пишуваат ништо во врска со неговата плата.

Актуелниот договор на Меси важи до јуни 2018 година.