Тевез се реши!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинар на Дејли Телеграф Мет Лоу пренесе на твитер сознание во врска со иднината на Карлитос.

Изгледа дека „Ел Апаче“ нема да може да оддолее на кинеските пари.

Според информациите до кои дојде Мет Лоу, искусниот аргентински напаѓач ќе ја напушти Бока и ќе ја прифати “непристојната понуда“ од Шангај Шенхуа.

Добро е позната приказната дека Кинезите се спремни да го направат Тевез најплатен фудбалер на светот и ако се верува на овој извор, така и ќе биде.

Да потсетиме, понудена му е годишна плата од 40 милиони евра.

Карлито најави дека кариерата ќе ја продолжи во својата Бока, можеби и така ќе биде, но судејќи според овие информации прво ќе си обезбеди добри пари од Далечниот Исток.