Тео Хернандез возбуден по трансферот во Реал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега веќе поранешниот член на Атлетико Мадрид, Тео Ернандез истакна дека е премногу возбуден пред претстојниот трансфер во Реал Мадрид.

19 годишниот играч треба да го комплетира трансферот вреден 26 милиони евра во следните неколку денови.

„Многу сум возбуден за новата сезона, возбуден затоа што ќе играм со најдобрите играчи во светот. Сега, единствената работа ми е да продолжам да работам и да продолжам да се борам за место во тимот“- коментираше Тео за „Лос Анџелес Спортс Тудеј“.

Тео Ернандез минатата сезона ја помина како позајмен фудбалер во редовите на Алвеш и беше еден од најдобрите фудбалери на овој клуб.