Тери доби нова понуда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Челси, Џон Тери на крајот од оваа сезона ќе го напушти Челси бидејќи му истекува договорот.

Сепак сеуште не знаеме дали ќе се пензионира или ќе остане да игра уште барем една сезона, поголеми шанси има втората варијанта но не во дресот на Челси.

Англиските медуми пишуваат дека од ВБА се подготвени да му понудат на Тери договор од една сезона.

Тери имаше понуди и од Кина кој ги одби бидејќи неговата желба е да остане во Англија.

„Ако имаме можност да го доведеме Тери ќе го доведеме сигурно. Сеуште немаме разговарано со него но подготвени сме на тоа. Тој сака кариерата да ја заврши во Челси но не е сеуште за пензија. Знам дека сака да одигра уште една сезона и ние таа ќе му ја понудиме“ – изјави Тони Пјулис, тренерот на ВБА.