Тоа е искрата која недостасуваше во духот на играчите на Клоп: Ливерпул добива тројца играчи…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул би требало наскоро да биде засилен во продолжението на сезоната.

Јирген Клоп во март очекува враќање на тројца важни играчи за својата екипа, а тоа се Дејан Ловрен кој веќе тренира со екипата, Џо Гомез и Алекс Окслејд Чембрлејн.

Манчестер Сити е зад петите на Ливерпул и за Јирген Клоп враќањето на овие фудбалери ќе биде од исклучителна важност поради битката во Лигата на шампионите и Премиер лигата.

Како и Ловрен, и Гомез е во полн тренажен процес и би можел да игра веќе во следниот меч за Ливерпул.

Сепак, Алекс Окслејд Чембрлејн кој имаше сериозна повреда треба да биде достапен на крајот од месецот, а Клоп истакна дека тој сега е на 70% и дека работи одлично.

Секако, сите тројца се исклучителна важност за овој тим…