Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот бугарски напаѓач Димитар Бербатов е познат по тоа што секогаш го говори она што го мисли.
Тој своите најдобри денови ги помина во Тотенхем и Манчестер Јунајтед, а со клубот од Олд Трафорд освои скоро се што можеше да се освои. Бугаринот остана во срцата на навивачите, а посебно по тоа што секогаш ги провоцираше ривалските клубови.
Така и овој пат јасно стави до знаење дека Манчестер Јунајтед е ниво над сите англиски клубови. Во разговор со англиските медиуми разговарал околу тоа дека можел да ја продолжи кариерата во Манчестер Сити кога го напуштал Тотенхем и дека му нуделе голема сума на пари, но на крајот тој ги избрал Црвените Ѓаволи.
„Имаше интерес од другите клубови, а агентот постојано ми зборуваше дека Манчестер Сити сака да ме доведе со сите сили. Веднаш му реков да не се занимава со нив и му реков дека сакам да одам во Манчестер Јунајтед, клуб кој е богат со историја, одличен тренер и играчи. Ноќ пред да премине Робињо во Сити од Реал Мадрид, ми пристигна неверојатна понуда поради кога можете да „паднете на задник“, но мене тоа не ме интересираше. Никој ги немаше понижено како јас“, изјави Бербатов.