Тоа што го направи Алексис, Рашфорд се уште не може


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алексис Санчез синоќа го имаше своето деби за Манчестер Јунајтед. Чилеанецот беше еден од подобрите кај „ѓаволите“ кои очигледно не го дадоа максимумот против четвртолигашот од Англија.

Санчез забележа и една асистенција при вториот погодок на Манчестер Јунајтед кој го постигна Андер Ерера.

Новата „седумка“ на „ѓаволите“ по крајот на натпреварот беше прогласен за Играч на натпреварот, а Жозе Мурињо упати пофални зборови за Чилеанецот.

„Имаме фантастична група на офанзивни играчи, а Алексис е тој со најголема зрелост и искуство. Неговата одлука за вториот гол е одлука која играч како Маркус Рашфорд е многу нервозен да ја донесе во таква ситуација. Алексис ни носи зрелост и класа“- Мурињо по натпреварот со Јеовил Таун.

Јасно е дека Рашфорд иако веќе две години стандардно настапува за Манчестер Јунајтед се уште носи одлуки кои не се во корист на тимот, па Мурињо смета дека доаѓањето на Санчез значително ќе ја подобри и неговата игра.