Тоби Алдервилд се враќа во составот на Тотенхем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маурисио Покетино ќе смета на услугите на играчот од одбраната, Тоби Алдервилд за вечерашниот натпревар против Брајтон.

Белгискиот интернационалец нема одиграно натпревар во Премиер лигата од октомври поради проблеми со повреда, а неговата иднина во клубот се уште е неизвесна откако тој се уште го нема продолжено договорот со „петлите“.

„Тоби ќе биде инволвиран во составот, а потоа јас ќе одлучам дали тој ќе игра или не“- коментираше кратко тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.

За Алдервилд сериозен интерес постои од двата клуба од Манчестер, како и од тимот на Челси.