Томче Гроздановски потпиша за словачки прволигаш!


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Македонскиот младински репрезентативец Томче Гроздановски денеска потпиша договор со словачкиот прволигаш ФК Вион Злате Моравче, кој во моментов се наоѓа на последната позиција на табелата.

Гроздановски пристигнува во Словачка, каде што ќе настапува до крајот на сезоната за неговиот нов клуб.

Во претходниот период Гроздановски настапуваше за репрезентациите на Македонија до 17, 18  19 години, а сега настапува за селекцијата до 21 година.

За младиот и талентиран 18-годишен фудбалер постои интерес и од други клубови, од кои се очекува наредното лето да тргнат по неговиот потпис.