Тони Надал го напушта Рафа на турнирите!

Тренерот на Рафаел Надал, неговиот вујко Тони Надал изјави дека уште оваа година ќе го следи тенисерот на турнирите.

„Од наредната година нема да го следам Надал на турнирите и ќе се концентрирам на нашата тениска академија. И понатаму имам одличен однос со мојот внук.“

Тони надал почна да го тренира 30-годишниот тенисер кога имаше само 3 години, а досега зеадно освоија 14 Грен Слем титули.

„Во текот на сите овие години никогаш не бевме во криза. Се до неговата 17-та година јас одлучував за се. Потоа дојде Карлос Коста како менаџер. Потоа таткото на Рафа беше блиску, а сите имаа свое мислење. Вистина е дека секоја година донесував се помалку одлуки, се до денот кога не одлучував за ништо.“