Топџиите тонат се подлабоко: Сити со пресврт до победа во дербито


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Сити го победи Арсенал на Итихад со 2:1 во големото дерби од 17 коло од англиската Премиерлига.

Лондонскиот тим подобро влезе во мечот и после пет минути поведе.

Одлична акција и асистенвија на Алексис Санчез во гол ја претвори Тео Волкот за предност на Арсенал од 1:0.

Потоа Сити создаде неколку шанси за израмнување, но на одмор сепак се отиде со водство на Арсенал.

Меѓутоа, продолжението донесе пресврт и победа на Сити во овој меч.

Во 47 минута Лерој Сане го постигна првиот гол за Граѓаните и донесе на својот тим израмнување на резултатот на 1:1.

Пресвртот стигна во 71 минута.

Рахим Стерлинг е стрелецот за водство на тимот на Пеп Гвардиола од 2:1.

Сити не престана со нападите. Беа многу подобар ривал на теренот, Де Брујн во 77 минута ја погоди стативата, создадоа неколку добри шанси, но на крајот сепак остана 2:1 за Сити.