Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Италија моментално нема доволно пари и Серија А е голем губитник во модернизацијата на фудбалот.
Некогаш убедливо најсилна лига на светот повеќе не е толку конкурентна, а единствено Јувентус прави сериозна финансиска работа секоја година.
Сепак, продажбата на Милан и Интер на кинеските бизнисмени даде надеж за враќање на италијанскиот фудбал на самиот врв, а ќе видиме дали ќе треба многу време за миланските гиганти конечно да се „разбудат“.
Најскап фудбалер на оваа лига на сите времиња е Гонзало Игуаин, воедно и најплатен фудбалер во Серија А, а ви го донесуваме и списокот на најплатени фудбалери:
1Гонзало Игуаин (Јувентус) 7.5 милиони евра
2. Даниеле де Роси (Рома) 6.5 милиони евра
3.Един Џеко (Рома) 4.5 милиони евра
4. Миралем Пјаниќ (Јувентус) 4.5 милиони
5. Сами Кедира (Јувентус) 4 милиони
6. Џанлуиџи Буфон (Јувентус) 4 милиони
7. Мауро Икарди (Интер) 3.6 милиони
8. Леонардо Бонучи (Јувентус) 3.5 милиони
9. Клауидио Маркисио (Јувентус) 3.5 милиони
10. Рикардо Монтоливо (Милан) 3.5 милиони