Тотална распродажба – Барса стави дури деветмина играчи на трансфер листа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каталонците спремни за големи промени во тимот.

Како што пренесе каталонски Спорт ексклузивно на својата насловна, фудбалскиот клуб Барселона е спремен да се откаже од речиси половина од своите првотимци.

Според овој извор, прв на листата за отстрел се Жереми Матје и Арда Туран, кои сигурно ќе бидат продадени, само се чекаат што повеќе и подобри понуди.

После нив, тука се и Андре Гомеш и Рафиња, кои се надеваат на голема минутажа после заминувањето на Луис Енрике, а слична ситуација и со Пако Алкасер, поради тоа што целосно потфрли и не ги оправда вложените 30 милиони евра.

Бековите Лукас Диње и Алеиш Видал исто така не покажаа дека се на ниво за Барселона, а исто така ќе бидат слободни да заминат ако се појават вистински понуди.

Изненадување е дека Барса размислува и за продажба на Денис Суарез, кој во минатото лето е вратен на Ноу Камп за три милиони евра.

И последен на листата е резервниот голман Јаспер Силесен, кој доби мала шанса, но ни таа не ја искористи на најдобар можен начин.

На се тоа треба да се додаде дека повратниците од позајмици се Томас Вермален и Мунир Ел Хадади исто така ќе бидат продадени и дека за нив се чека понуда.

Планот на Барса е таков за од продажба на споменатите играчи да заработи доволни пари да донесе нови засилувања, а на листата се Ектор Бељерин, Марко Верати, Филипе Кутињо.