ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Екипата на Тотенхем со 4:1 го разби немоќниот Ливерпул во дербито на 9. коло од Премиер Лигата.
Главен виновник за лошиот резултат на Ливерпул е централниот дефанзивец Дејан Ловрен кој по двете катастрофални грешки по кои тимот од „Енфилд“ прими два гола беше изваден од игра веќе во 31. минута.
Најпрво Кејн го отвори резултатот, а потоа асистираше за Сон кој зголеми на 2:0. Мухамед Салах успеа да намали на 2:1 пред крајот на првото полувреме. Сепак во судиското надополнување уште една лоша одбрана ги чинеше гостите и трет примен погодок во нивната мрежа. Овој пат егзекутор беше Деле Али. Конечниот резултат го постави Хари Кејн во 56. минута од натпреварот.
Со оваа победа Тотенхем се изедначи по бројот на бодови со Манчестер Јунајтед и во моментов е на делба на втората позиција со „Црвените ѓаволи“.