Тотенхем го шокираше Реал со цената за Ериксен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Британските медиуми вчера пишуваа за интересот на Реал Мадрид да го донесе во своите редови Кристијан Ериксен од Тотенхем, за кој трикратниот европски шампион е спремен да понуди 100 милиони фунти.

Меѓутоа денес се појавија нови вести кои изгледаат како одговор на вчерашните. На големо се пишува за цената која Тотенхем ја одредил за ивниот играч, а таа е двојно поголема од она што го понудија кралевите.

Ас и Д Мирор тврдат дека сопственикот на клубот Даниел Леви порачал дека Кристијан Ериксен може да си замине но само за 225 милиони фунти што е навистина огромна сум дури и за Реал Мадрид.

После заминувањето на Кристијано Роналдо, Реал има приоритет да донесе некоја нова ѕвезда во летниот преоден рок. Прва на листата со желби се Ериксен и Азар, а од оваа перспектива се чини дека шпанскиот великан попрво ќе дојде до Белгијецот отколку до данецот.

Ериксен има 26 години и договор со Спарсите до 2020 година, а моментално се во тек преговорите околку продолжување на договорот. Доколу не се постигне договор Реал би имал отворен пат кон Данецот кој за Тотенхем игра од 2013 година откако пристигна од редовите на Ајакс.

Потсетуваме, Реал размислувал во овој трансфер да го вклучи и Иско, но Тотенхем не се изјаснија по прашањето за трансферот на овој фудбалер.