Тотенхем заинтересиран за Санчез од Ајакс


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Како што пренесува „Ска Спортс“ Тотенхем е заинтересиран во своите редови да го донесе стоперот на Ајакс, Давинсон Санчез.

21 годишниот играч кој има два настапи за репрезентацијата на Колумбија минатата сезона постигна шест погодоци на 43 натпревари за Ајакс откако минатото лето пристигна во Холандија од редовите на Атлетико Насионал.

Тотенхем е еден од ретките тимови кои се уште немаат направено ниту еден трансфер ова лето, и се очекува до крајот на преодниот рок да донесат некое засилување.