Тотенхем му го нанесе првиот пораз на Челси, Сон во стилот на Меси го постигна голот на колото (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Тотенхем без поголеми проблеми славеше на дерби пресметката против Челси и му го нанесе првиот сезонски пораз на Маурисио Сари.

Избраниците на Покетино многу подобро го започнаа натпреварот на „Вембли“ и до предност стигнаа уште во 8. минута преку Деле Али.

Во 16. минута Хари Кејн го дуплираше водството со одличен погодок од дистанца, кој може да се каже дека оди на душа на Кепа Аризабалга.

Сепак, најубавиот потег на вечерта го видовме во 55. минута кога Хеунг Мин Сон сам ја помина целата одбрана на Челси, и во стилот на Меси по трет пат го матираше Кепа.

Поразот го ублажи Оливие Жиру со гол во 85. минута од натпреварот.

Со оваа победа екипата на Тотенхем го прескокна Челси на првенствената табела и сега се наоѓа на третата позиција веднаш зад „недопирливите“ Ливерпул и Манчестер Сити.