Тотенхем подготвен да го продаде репрезентативецот на Англија, Гвардиола трие раце!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кајл Вокер важи за еден од најдобрите бекови на островот и најдобриот десен бек кој Англија може да го понуди.

Веќе имаше шпекулации дека Гвардиола испратил понуда за овој играч, но сите беа демантирани од управата на Тотенхем.

Сепак, според најновите информации Тотенхем е подготвен да разгледува понуди за овој играч.

Вокер се повреди и на негово место играше Триплеј кој се докажа извонредно па сега Вокер е на клупата за резерви кај Покетино.

Веднаш имаше несогласувања помеѓу Покетино и Вокер кои беа само подбуцнување за медиумите.

Тој наводно сака да си оди, во некој клуб кој ќе може да му понуди 70 илјади фунти неделно, колку што и зема во Тотенхем.

Сити е сигурно подготвен да му понуди, а Тотенхем бара 35 милиони евра.