Тотенхем сеуште нема доведено никого, но првото засилување може да биде многу скапо


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Додека голем дел од клубовите наголемо купуваат и трошат пари, Тотенхем мирува и досега нема реалзирано ниту еден трансфер.

Додуша, тие направија големи потези со потпишување на нови договори со Кејн и Сон, но навивачите исчекуваат кое ќе биде првото засилување на тимот.

Според пишувањето на британските медиуми, Тотенхем е заинтересирани за купување на Џофри Кондогбија, кој Валенсја штотуку го откупи од Интер, но лесно би можеле да го преплатат доколку клубот од Местаљ не попушти.

Валенсија не сака да го продаде својот играч по некоја „разумна“ цена и порачува дека тон може да оди во Тотенхем но доколку Спарси ја платат откупната клаузула од дури 71 милиони фунти.

Познавајќи ги Тотенхем, ќе се откажат од ова купување, што и не би било некое преголемо изненадување. Но доколку се решат да го купат, дефинитивно ова ќе биде скапо засилување за Спарсите.