Тотенхем станува очаен: Го пронајдоа заборавениот Италијанец и му нудат чуден договор


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тотенхем е во потрага по напаѓач од кога стана јасно дека повредата на Хари Кејн е од потежок караткер и дека ќе паузира барем до март.

Се шпекулираше дека Тотенхем може да го расипе „веже договорениот“ трансфер на Арнаутовиќ од Вест Хем во Кина и дека австрискиот репрезентативец ќе го доведе во своите редови.

Меѓутоа сега италијански Тутоспорт пренесува дека Хари Кејн привремено може да биде заменет од некогашниот напаѓач на Фиорентина, Парма, Џенова и Манчестер Јунајтед, Џузепе Роси.

Наводно Тотенхем е спремен на 31 годишниот Роси да му понуди краткорочен договор на принцип  „колку игра толку пари“.

Инаку, Роси веќе се наоѓа во Англија, кој како слободен играч тренира со својот некогашен клуб Манчестер Јунајтед, со цел да ја одржи својата форма за да најде нов клуб.

Тотенхем има проблеми со напаѓачите во моментот, Сон Хеунг-мин е со својата репрезентација на Азискиот куп, додела Лоренте би можел да се врати во Шпанија, а се појави шпекуалција дека тимот сака да го ангажира и Малком од Барселона.