Тотенхем тргнуваат по голман на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Тотенхем посакуваат уште еден млад играч кој играл во редовите на младинските категории на Реал Мадрид.

Станува збор за 22 годишниот Карлос Абад кој две сезони со ред го носи дресот на вториот тим на „Кралевите“, Реал Мадрид Кастиља.

Абад во два наврати беше позајмуван во Реал од редовите на Тенерифе, меѓутоа првакот на Шпанија не се одлучи да го откупи неговиот договор.

Талентираниот голман го импресионирал Покетино со настапивте во младинскиот тим на Реал, па сега од Тотенхем се подготвени да платат три милиони евра за неговите услуги.