„Тоти е еден од најголемите во историјата“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Франческо Тоти го одигра својот последен натпревар за Рома. По последниот поздрав, цел „Олимпико“ плачеше, а со него со поздрави и цел свет.

По емотивната разделба на Тоти од својот сакан клуб и Рамос имаше неколку зборови за него.

„Мислам дека Тоти ќе се снајде во било кој голем клуб, затоа што тој е роден стрелец и голем играч и секогаш наоѓа начин да се вклопи во тимот.“

„Кога ќе се прави листа на најдобрите играчи на сите времиња, Тоти сигурно ќе биде на неа.“