Тоти најави големи засилувања во екипата на Рома


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти, најави големи засилувања во „волчицата“ и притоа кажа дека морале да го продадат Алисон.

„Рома купи многу нови играчи, ние градиме иднина, па моравме да се откажеме од Алисон, за кого пристигна понуда од 75 милиони евра, а таква досега не е понудена за голман“, објаснува Тоти.

Легендата кажа дека нема потреба за грижа кај навивачите поради трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус.

„Имав шанса да играм против Роналдо. Среќен сум затоа ќе донесе многу на италијанскиот фудбал, па се надевам дека ќе ја врати лигата, каде што припаѓа. Навивачите се разочарани, но нема потреба бидејќи и ние ќе купиме големи имиња во иднина“, вели легендарниот играч.