Тотнем продава една од своите најголеми ѕвезди на Реал Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Тотнем, Маурицио Покетино, наводно е подготвен да прифати понуда од 60 милиони фунти за својот голман Хуго Лорис.

Реал Мадрид сака да најде замена за Кејлор Навас, а по Тибо Куртоа од Челси, „кралевите“ покажаа интерес за францускиот голман, за кој наводно Флорентино Перез е подготвен да понуди 60 милиони фунти.

Никој не би сакал да го продаде својот најдобар голман, но бидејќи Лорис има 31 година, може лесно да се случи Тотнем да ја прифати понудата од Мадрид.

Инаку, Лорис стигна во Лондон во 2012. година од Лион, а дресот на англискиот гигант го носеше на 254 натпревари.