Тофас добива засилување од НБА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крис Копеленд ќе допатува во Бурса и ќе потпише договор со тимот на Тофас.

32-годишниот Американец може да игра на позицијата „три“ и „четири“, а зад себе има 4-годишно искуство во НБА.

Кариерата ја започна во НБА лигата, а потоа смени неколку клубови во Европа.

Минатата сезона играше за Милвоки, а од 2012 до 2015-та година го носеше дресот на Њујорк и Индијана.

На крајот на септември минатата година потпиша договор со Њу Орлеанс, но ја прекина соработката по 2 недели.