Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Зидан е убеден дека критиките добро ќе се рефлектираат на Бензема.
Од ноември 2016-та година тој постигна само 1 гол во Ла Лига и се наоѓа на удар на навивачите на Реал Мадрид.
„Луѓето може да мислат што сакаат. Бензема делува многу мотивирано, задоволен сум со неговата работа. Секако дека и јас би сакал да постигнува голови, но поважно од тоа е како тој работи на својата позиција.“
„Тој игра за да им помага на другите да постигнуваат голови. Бензема и Роналдо добро соработуваат и ме боли кога ми ги критикуваат фудбалерите.“
Во 16 одиграни натпревари во првенството Бензема има постигнато 5 голови и 3 асистенции.