Трагедија во Франција: Фудбалер почина на терен

Фудбалер од Буркина Фасо Бен Идриса Дерме почина на терен во тек на натпревар во минатиот викенд.

Некогашниот фудбалер на Бастија почина во тек на натпревар играјќи за нисколигашот Бигуглиа и тоа после што доживеа тежок срцев удар.

Несреќниот 34-годишен во финишот од мечот се сруши на терен. Помош е укажана, но Дерме нажалост почина.

Ова е само една во низата трагедии кои во претходните години се случија на фудбалските терени и кои ги потресоа љубителите на најважната споредна работа на светот.