Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Палермо конечно победи по два нерешени натпревари во Серија Б, па денеска триумфираа против Падова со 3-1.
Палермо губеше со 0-1, но потоа проработеа Илија Несторовски и Александар Трајковски, па Палермо стигна до пресврт.
Трајковски погоди за 1-1, Рајковиќ стрелаше за 2-1, а Несторовски ги постави конечните 3-1.
Па, во моментов Палермо е на прво место со 29 бода по 14 натпревари и ја продолжуваат жестоката борба за пласман во Серија А.