Тргна работата: Берлускони купи клуб и ќе прави „нов Милан“!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони, се врати во фудбалот, откако купи 95% од акциите на Монца, која игра во италијанската Серија Ц.

Купувањето на клубот од Берлускони денеска беше официјално потврдено од страна на досегашниот сопственик Никола Коколмба.

„Се договоривме за 95% од акциите, а останатото останува во мои раце. Зошто 95, а не 70? Мене ми е исто, разликата е мала. Сега Берлускони ќе се грижи за екипата, јас сакам да останам активен во клубот сезонава. Ова е многу силен тим“, кажа Коломбо.

Човекот задолжен за многу работи во клубот ќе биде Адријано Галијани, па би можеле наскоро Монца да ја видиме во повисок ранг на натпреварување.