„Требаше да бидам ваков пред 10 години, но сега…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дирк Новицки се надева дека наскоро ќе се врати на теренот. Оваа сезона поради повреда со Ахиловата тетива играше само на 5 натпревари. Германецот потпиша нов, 2-годишен договор со Далас вреден 50 милиони долари.

„Моментално се грижам само како да се вратам на теренот. Повторно ќе седнеме наредното лето и ќе разговараме што ќе се случува понатаму. Но моментално сакам да играм по секоја цена.“

„Оваа повреда не е сериозна, но таква е што постојано прави проблеми. Не сакам пребрзо да се вратам, туку кога ќе бидам здрав и тогаш повеќе кога ќе немам проблеми.“

Дирк вели дека очекува кога ќе се врати на теренот, остатокот од сезоната да го одигра без болки.

„Повредата на Ахиловата тетива е незгодна бидејќи го ограничува движењето. Ако ми беше движењето ограничено пред 10 години, би бил во состојба да играм и да бидам ефикасен. Но сега сум побавен, а со повредата ќе бидам 3 пати побавен.“

Новицки во јуни наполни 38 години, а во 5 натпревари оваа сезона постигнуваше во просек по 12.5 поени и 6.4 скокови.