„Требаше да победиме во овој натпревар!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот играч на Јунајтед, Керик жали што неговиот тим не успеа да го победи Андерлехт во првиот натпревар од ¼-финале во ЛЕ.

„Тоа е фрустрирачко. Ја контролиравме играта, но станавме ранливи. Требаше да победиме во овој натпревар.“

„Тие имаа една шанса која ја искористија. Мораме да бидеме немилосрдни. Бевме премногу лежерни и станавме ранливи.“

Карик смета дека резултатот не е лош, но би било подобро ако стигнеа до победата.

„Не е крај на светот, но ќе беше подобро ако победевме.“

Реваншот ќе биде одигран на 20 април.