„Треба да ни биде срам!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот за врска на Ливерпул, Лалана даде изјава за медиумите дека сите фудбалери се виновни за лошите резултати во 2017-та година.

Ливерпул во првиот дел од сезоната играше одлично, но во последните неколку недели Ливерпул игра катастрофално.

„Му верувам на Клоп и сите фудбалери треба да ми веруваат. Ние сме тим и треба да се држиме заедно и кога ни оди и кога не ни оди. Ова е наш неуспех, тешко е да се објаснат причините за лошите игри, но треба да ни биде срам.“

„Мислам дека имаме проблем со психичките подготовки за натпреварите затоа што губиме од тимовите кои се во долниот дел од табелата. Тоа мора да се смени.“