Тренерот на најлошата екипа во Серија А во солзи го следеше поразот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Камерите во Италија го фатија во Пескара тренерот Масимо Одо во солзи во очи во моментот додека неговиот клуб губеше со 5:0 од Торино.

Пескара под водство на Одо има само девет бода и по подовниот учинок е најлоша екипа во петте најквалитетни лиги, а ниту впечатокот не е на нивна страна.

Во рамките на италијанскиот шампионат Пескара вчера е поразена на гостувањето кај Торино, а во моментите додека Биковите водеа со 5:0 Одо не можеше да ги воздржи емоциите.

Се она што го градеше во последната година се сруши како кула од карти и изгледаше дека во секој момент ќе заплаче.

Во продолжението на натпреварот се разбуди инаетот кај играчите на Пескара и успееја да постигнат до крајот на натпреварот три погодоци за конечни 5:3, меѓутоа тоа беше слаба утеха за Одо.

Тој после поразот поднесе оставка за која допрва треба да се разгледува.