Тренираше со тимот: Големо засилување за Ливерпул пред финалето од ЛШ

Доста охрабрувачки вести стигнуваат за Јирген Клоп на шест дена пред големото финале од Лигата на шампионите.

Имено, денес со останатите првотимци на Ливерпул, по двомесечна пауза тренираше и Емре Чан кој би требало да биде големо засилување за средниот ред на „Црвените“. Чан треба да донесе цврстина и да ги неутрализира нападите на неверојатно опасните офанзивци на Реал Мадрид.

„Пред десет дена не беше можно да го реализира тоа што го прави денес. Тоа е многу позитивна вест, но мора да бидеме трпеливи. Вратите се отворени, навистина сака да игра во финалето. Ќе видиме што ќе се случи“ –коментираше Клоп.