Трет пораз по ред за шампионот: Торонто го „скрши“ Лејкерс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Сан Антонио го победија Вашингтон со 107:105 на 6 секунди пред крајот, кога за триумф погоди Кевин Леонард.

Сан Антонио така стигна до 16-та победа во 20 натпревари и се втори на Западот, зад Голден Стејт додека Вашингтон остана на скромни 6 победи. Леонард со 23 поени беше најдобар во својот тим додека по 19 постигнаа Алдриџ и Пол Гасол.

Неизвесно беше во натпреварот помеѓу Њујорк и Минесота , а на крајот Њујорк успеа да победи со 118:114 и сега има 10 победи. Кармело Ентони беше најдобар со 27 поени, а три помалку постигна Дерик Роуз.

Атланта стигна до 5-от пораз по ред. Детроит овој пат беше подобар од Атланта со 121:85, а до победа ги однесе Поуп со 23 поени.

Кошаркарите на Чикаго го победија Кливленд со 111:105. Чикаго до 11-та победа стигнаа благодарение на Батлер кој постигна 26 поени и Вејд кој имаше 24 поени.

Од другата страна ЛеБрон Џејмс постигна 27 поени, 5 скокови и 13 асистенции и дури 8 изгубени топки додека Ривинг постигна 20 поени.

Торонто со 113:80 го победи Лејкерс, а до победа стигнаа Бостон против Сакраменто со 97:92, Орландо против Филаделфија со 105:88 и Клиперс против Њу Орлеанс со 114:96.