Тричковски со два погодоци го среди Ермис за нова победа на АЕК Ларнака


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на АЕК Ларнака победија на гости против Ермис во натпревар од 25-то коло во кипарската лига, 2:3.

Само после една минута Иван Тричковски погоди за водство на Ларнака. После половина час игра Иван Тричковски го постигна вториот погодок на натпреварот, овој пат од пенал.

Во второто полувреме АЕК Ларнака го зголеми водството на 0:3. Домашните постигнаа два брзи погодоци за 2:3 после добиениот црвен картон на фудбалерот на гостите. Вториот македонец кој игра за АЕК Ларнака, Даниел Мојсов влезе во 66-та минута на местото на Хебел. Ларнака на крајот победи со 2:3.

Тричковски денес ги постигна тринаесетиот и четиринаесетиот погодок во дресот на АЕК Ларнака оваа сезона и се наоѓа на третата позиција на листата на стрелци во кипарската лига со еден погодок помалку од Сотериу од Апоел и пет помалку од лидерот Дербишир од Омониа.