„Три трофеи во најтешката сезона“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо смета дека неговите играчи играле интелегентно, како и дека заслужиле да победат.

Фудналерите на Манчестер Јунајтед во финалето на Лига Европа го поразија Ајакс со 2:0, стрелци за Јунајтед беа Погба во 18 и Михтаријан во 48 минута.

„Ова е крај на една многу тешка, но многу добра сезона. Повеќе сакавме да дојдеме до Лига на шампионите на овој начин, отколку да бидеме четврти, трети или втори во Премиер лигата. Ја остваривме целта, се вративме во Лигата на шампионите со освојување на важен трофеј.

Клубот сега го има секој трофеј во светскиот фудбал. Се боревме жестоко за овој од почеток“, порача Мурињо.

Португалскиот стручнак смета дека оваа сезона со Јунајтед е најтешка откако стана менаџер.

„Игравме интелигентно, го освоивме трофејот на комфорен начин. Бевме многу посилни од противникот. Заслуживме да победиме. Така сум среќен да ги видам момците со трофеј и сега сум на одмор.

Не сакам да гледам никакви меѓународни пријателски натпревари, себичен сум. Не можам тоа да го направам. За мене е доста. Беше многу тешко во последните неколку месеци, имавме мал број на играчи на располагање. Три трофеи во една сезона и пласман во Лигата на шампионите. Многу сум среќен во мојата најтешка сезона како менаџер“, заклучи Мурињо.