„Трофејот е за сите луѓе кои што патеа“

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед Хуан Мата го посвети трофејот од Лига Европа на жртвите од терористичкиот напад во тој град.

Манчестер Јунајтед го совлада Ајакс со 2:0 во финалето во Стокхол и освои уште еден трофеј кој Јунајтед никогаш не го имаше.

Манчестер ја освои Европската лига три дена после што 22 лица загинаа, а десетина беа повредени во бомбашкиот напад на поп концерт во Манчестер.

„Освоивме трофеј кој клубот никогаш и го немаше, па сме многу среќни поради тоа. Многу ми значи бидејќи ова ми е прв европски трофеј со Јунајтед. Многу ни значи и што донесовме трофеј во Манчестер после тоа што се случи во понеделникот. Беше многу тешка недела за целиот град, го освоивмке за сите луѓе што патеа“, рече Мата.