Туре е на медицински прегледи во Лондон, но за кого потпишува договор?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По осум години фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, Јаја Туре го заврши договорот со Манчестер сити.

Овој 35-годишен фудбалер на крајот на минатата сезона по осум години во клубот реши да го напушти Манчестер.

На крајот се договори за соработка со еден лондонски клуб, но уште не е познато за кого станува збор.

„Јаја Туре ги помина медицинските прегледи во Лондон. Блиску сме до потпис. Не е Вест хем 100%“, кажа неговиот агент.

„Тајмс“ пишува дека негов нов клуб ќе биде Кристал Палас, но и тоа го негираше неговиот агент.