„Тутоспорт“: Јувентус и ПСЖ подготвуваат спектакуларна размена на своите ѕвезди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека во јануари би можела да се случи спектакуларна размена помеѓу двата европски гиганти, Јувентус и ПСЖ.

Јувентус сака да го продаде Пауло Дибала, за чии услуги се заинтересирани Барселона, Ливерпул, Манчестер јунајтед и ПСЖ.

Аргентинецот, наводно би можел да се пресели во ПСЖ, а од таму во Торино би можел да замине младата француска ѕвезда Килијан Мбапе.

Секако, „Старата дама“ би доплатила за неговиот трансфер, иако во моментов не се открива за колку голема сума станува збор.

Целата приказна на „Тутоспорт“ изгледа спектакуларно, па ќе видиме дали ќе се реализира нешто од ова во јануари.