Тухел доби само 30 милиони евра – ќе бира ново засилување помеѓу двајца фудбалери!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на францускиот шампион ПСЖ, Томас Тухел, ќе има на располагање само 30 милиони евра за ангажирање нов фудбалер во екипата.

ПСЖ во претходните сезони трошеше многу пари за трансфери, па ги урна сите рекорди кога го купи Нејмар за 222 милиони евра.

Парижаните во јануари ќе се обидат да ангажираат ново засилување, а ќе бираат помеѓу Абдулаје Дакур од Вотфорд и Михаел Кусанце од Борусија Менхенгладбах.

Иако сезонава не добива многу шанса во Бундеслигата, ПСЖ е подготвен да му даде шанса, па од јануари би можеле Михаел да го гледаме на „Паркот на принцовите“.

Сепак, не е познато дали 30 милиони евра се доволни за еден од овие двајца фудбалери.