Убави вести од Милан: Стриниќ од понеделник се враќа на тренинг


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Милан, Иван Стриниќ не мора да ја прекине кариерата.

Да потсетиме, Стриниќ беше во „аут“ неколку месеци поради проблеми со срцето, а пред три дена ја имаше последната холтер конрола, која очигледо била позитивна, па веќе од понеделник ќе го видиме повторно на тренинг.

Инаку, поради споменатиот проблеми во еден момент беше во прашање и кариерата на Стриниќ, дали воопшто ќе може да продолжи да игра фудбал.

„Докторите пред три месеци ми рекоа дека морам да престанам да тренирам за да видат дали хипертрофијата ќе престане. Тоа на крај се случи, што значи дека е во прашање спортски симптом, а не болест. Секогаш знаев дека ќе биде се во ред, но знаете како е, бев под стрес и размислував: што ако нешто тргне на лошо Бев нервозен, но конечно се е готово и е позади мене. Почнувам со тренинзи во понеделник“, изјави Стриниќ.

Се работи за фудбалер кој пристигна во Милан од Сампдорија откако Хрватска играше во финалето на Мундијалот, а претходно беше член на Наполи, Днипро и Хајдук.