Удинезе ја прекина серијата на Интер


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Удинезе на „Џузепе Меаца“ славеше победа од 3:1 со што му откина важни бодови на Интер во битката за Скудетото.

Лазања во 14. минута погоди за предност на гостите кога најдобро се снајде во шеснаесетникот на домашниот тим.

Славењето на гостите не траеше долго затоа што Мауро Икарди по само неполни две минути го изедначи резултатот.

Моментот на одлука се случи во 57. минута кога судијата по прегледувањето на ВАР технологијата покажа на белата точка во корист на Удинезе. Сигурен реализатор беше Де Паул. Победата во 77. минута ја потврди Барак кој по трет пат ја затресе мрежата на Хандановиќ.