УЕФА во заштита на ВАР: Ќе следува санкција за „Баварците“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен го заврши натпреварувањето во Европа изминатата среда, веројатно порано од очекуваното и посакуваното.

„Баварците“ ги спречи Ливерпул кој славеше со 3:1 на „Алијанц Арена“, меѓутоа германскиот клуб ќе трпи и дополнителни последици.

Покрај болната елиминација против клубот од минхен е поднесена тужба поради контроверзниот транспарент зад еден од головите.

На банерот беше испишана навредлива порака кон УЕФА и воведувањето на ВАР во елиминацискиот дел од европското натпреварување.

Видео технологијата која е воведена за да им помогне на судиите на теренот, засега се соочува со негативни критики поради многуте одлуки.

Италија веќе најави менување на концептот на менување на ВАР, па останува да се види дали УЕФА ќе ги следи трендовите од „Чизмата“.