Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ФФМ го поддржа Александер Чеферин во изборот за нов претседател на УЕФА.
Словенецот Александер Чеферин со 42 гласа е избран за нов претседател на УЕФА на денешниот конгрес во Атина. И Фудбалската федерација на Македонија му даде поддршка на Чеферин.
Гласањето за нов претседател на УЕФА помина без изненадување, Александер Чеферин убедливо со 42 гласа го победи Михаел ван Праг кој освои само 13 гласа.48-годишниот Словенец доаѓа на местото на Мишел Платини кој поднесе оставка откако беше суспендиран од функцијата поради големиот скандал со Сеп Блатер за кој се води истрага.
“Му честитаме на г. Чеферин за изборот. Се надеваме дека дополнително ќе придонесе кон стабилност, развој и подеднаква поддршка за сите федерации. Не радува фактот што на оваа позиција доаѓа човек од мала федерација, и тоа од нашиот регион, кој ги познава фудбалските состојби, проблеми и предизвици, и кој се залага за подигнување на фудбалот на овие простори на повисоко ниво. Заедничка желба на сите федерации од регионот е региналната фудбалска лига која во голема мера ќе го подигне нивото на клубскиот фудбал на овие простори. Веруваме дека со новиот председател ФФМ ќе добие уште поголема поддршка и можност за реализација на нови проекти од интерес на сите” – изјави г. Илчо Ѓоргиоски, Председател на Фудбалската Федерација на Македонија.
Г. Чеферин ќе го одработи престанатиот дел од мандатот на Мишел Платини, до 2019 година по што ќе се одржат нови претседателски избори.
Чеферин е седмиот претседател на УЕФА по Ебе Шварц (Данска), Густав Виедеркер (Швајцарија), Артемио Франки (Италија), Жаке Жорж (Франција), Ленарт Јохансон (Шведска) и Мишел Платини (Франција). Организацијата е формирана во 1954 година.
Чеферин е роден во Љубљана, Словенија на 13 октомври 1967 година. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Љубљана, потоа работи за адвокатска фирма на неговото семејство, развивајќи посебен интерес за правно претставување на професионални спортисти и спортски клубови. Во 2005 година станува дел од управниот одбор на KMN Свеа Лесна Литија, еден од најуспешните клубови во мал фудбал на Словенија. Тој исто така бил член на Извршниот комитет на аматерскиот тим ФК Љубљана Адвокати од 2005 година.
Женет, татко на три деца, зборува англиски и италијански јазик, Чеферин беше избран за претседател на Фудбалскиот сојуз на Словенија во 2011. Тој, исто така, е втор и трет заменик-претседател на правната комисија на УЕФА од 2011 година .