УЕФА конечно носи промена на правилото која сите ја сакавме


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Прашање на време е кога ќе се случи тоа, водечките фудбалски тренери започнаа иницијатива.

Најголемите фудбалски тренери на денешницата како Мурињо, Венгер, Тухел, Алегри и останатите сакаат правилото гол во гости да замине во историјата.

Започната е иницијатива тоа наскоро да се случи и секако правилото гол во гости ќе биде минато, само прашање е кога тоа ќе се случи.

Џорџо Маркети кој е генерален секретар на УЕФА рече дека е отворена дискусија по тоа правило кога се работи за натпреварите во Лигата на шампиони или Лигата на Европа.

,,Тренерите сметаат дека тоа правило треба да се разгледа и ние така и ќе направиме. Тие сметаат дека ситуацијата во фудбалот е променета и не е толку тешко да се постигне гол во гости како што тоа некогаш било”- рече Маркети.

Правилото прв пат е искористено во Купот на победниците на куповите во 1965 година.

Проблем околу кој исто така се расправа на форумот е и преодниот рок кој не е ист за сите клубови, да се потсетиме дека во Англија заврши многу порано отколку во Италија, а во Италија пак порано за разлика од Шпанија, Франција и Германија.

За се ќе се дискутира на форумот, а ќе присуствуваат и големи имиња од тренерската фела меѓу кои и горе споменатите Мурињо, Венгер, Алегри, Тухело, а исто така присутни ќе бидат Анџелоти, Бенитез, Лопетеги и други.