УЕФА ја објави листата кандидати за Тимот на годината во Лигата на шампионите


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) денес излегоа со листа од 50 играчи кои се кандидати за тимот на годината.

На листата има пет голмани, 15 дефанзивци, играчи од средниот ред и нападот. Најмногу сосема очекувано има од Реал Мадрид, дури 11.

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо постави рекорд затоа што дури 14 пат се наоѓа во конкуренција за избор на идеалните 11 во сезоната.

Голмани: Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Давид Де Геа (Манчестер Јунајтед), Кејлор Навас (Реал Мадрид), Мануел Ноер (Баерн Минхен), Јан Облак (Атлетико Мадрид)

Одбрана: Дани Алвеш (Јувентус/ ПСЖ), Леонардо Бонучи (Јувентус/ Милан), Дани Карвахал (Реал Мадрид), Џорџо Киелини (Јувентус), Камил Глик (Монако), Диего Годин (Атлетико Мадрид), Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Марсело (Реал Мадрид), Бенџамин Менди (Монако/ Манчестер Сити), Томас Меуние (ПСЖ), Жерард Пике (Барселона), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Алекс Сандро (Јувентус), Дејвисон Санчез (Ајакс/ Тотенхем), Антонио Валенсија (Манчестер Јунајтед)

Средина: Деле Али (Тотенхем), Марко Асенсио (Реал Мадрид), Касемиро (Реал Мадрид), Кевин де Брајн (Манчестер Сити), Кристијан Ериксен (Тотенхем), Фабињо (Монако), Еден Азар (Челси), Андрес Иниеста (Барселона), Иско (Реал Мадрид), Тони Крос (Реал Мадрид), Хенрик Микитарјан (Манчестер Јунајтед), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Миралем Пјаниќ (Јувентус), Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Саул Нигез (Атлетико Мадрид)

Напад: Серхио Агуеро (Манчестер Сити), Пјер Емерик Обамејанг (Борусија Дортмунд), Карим Бензема (Реал Мадрид), Единсон Кавани (ПСЖ), Пауло Дибала (Јувентус), Радамел Фалкао (Монако),  Ентоан Гризман (Атлетико Мадрид), Хари Кејн (Тотенхем), Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Килијан Мбапе (ПСЖ/Монако), Дрис Мертенс (Наполи), Лионел Меси (Барселона), Нејмар (ПСЖ/ Барселона), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Луис Суарез (Барселона)

За најдобриот тим може да гласате на следниот ЛИНК.